ЕСИ НЕЛИС

Европска социјална инклузија
За организацијата

Мрежа за еднаквост, учење и инклузивни сервиси.....

ЕСИ НЕЛИС е невладина и непрофитна организација од Скопје која работи на унапредување на социјалната инклузија, еднаквите можности и квалитетот на живот на лицата со попреченост, слепи и слабовидни лица, постари лица и други ранливи групи.
Како мрежа за поддршка и инклузивни сервиси, ја јакнеме самостојноста на корисниците, пристапот до образование, информации и социјални услуги, и го поттикнуваме нивното активно учество во заедницата.
Нашата визија е општество без бариери – достапно, еднакво и отворено за сите. Работиме во партнерство со институции, локални самоуправи и граѓански организации за да создадеме одржливи решенија што ја промовираат еднаквоста, достоинството и социјалната кохезија.
Поддршка што им овозможува на слепите и слабовидните лица поголема самостојност и вклученост во секојдневниот живот.
Преку обуки и едукативни настани ја подигаме свеста за пристапност, инклузија и правата на лицата со попреченост.
Создаваме програми што ја поврзуваат заедницата, поттикнуваат солидарност и еднакво учество на сите граѓани.
Програма за лична асистенција

Програма за лична асистенција

Програмата за лична асистенција на ЕСИ НЕЛИС е насочена кон слепи и слабовидни лица, со цел да им овозможи самостојност, достоинство и активно учество во општеството.

Обукaта ги подготвува кандидатите за практична, комуникациска и функционална поддршка. Личните асистенти нудат индивидуализирана практична и функционална поддршка во извршување на секојдневните обврски и активности.

Поддршка, еднаквост и социјална инклузија.

Реализирани и тековни проекти

ПРОЕКТ #2

Invisible Citizens (со Transparency International):

Промоција на политичка транспарентност и активно граѓанско учество.
ПРОЕКТ #1

Inclusive Voices (со RYCO):

Радио и медиумски проект што ги истакнува гласовите на слепите лица.
ПРОЕКТ #3

Дом за стари лица (со ИФЕС):

Поддршка и грижа за постари лица во Кавадарци.
Scroll to Top