ЕСИ НЕЛИС
Програма за лична асистенција
Програма за лична асистенција
Поддршка што менува животи
Програмата за лична асистенција на ЕСИ НЕЛИС е насочена кон слепи и слабовидни лица, со цел да им овозможи самостојност, достоинство и активно учество во општеството.
Обукaта ги подготвува кандидатите за практична, комуникациска и функционална поддршка. Личните асистенти нудат индивидуализирана практична и функционална поддршка во извршување на секојдневните обврски и активности, вклучително:
- Придружба и ориентација при движење во затворени и отворени простори
- Помош при комуникација, читање и административни постапки
- Поддршка при набавки, посети на институции и пристап до услуги
- Придружба на јавни, културни, работни и образовни активности
Овој сервис овозможува корисниците да водат поквалитетен, поавтономен и поинклузивен живот, согласно нивните индивидуални потреби и лични избори.





