ЕСИ НЕЛИС

Донаторски Акции

Празнична радост за децата: ЕСИ НЕЛИС додели новогодишни пакетчиња во повеќе градови.
На 24, 26 и 27 декември 2025 година, Здружението за европска и социјална инклузија ЕСИ НЕЛИС реализираше хуманитарна активност со доделување 50 новогодишни пакетчиња за слепи деца, деца со оштетен вид и деца на лица со оштетен вид.
Активноста се реализираше во Кочани и Виница, Штип и Скопје, во пријатна предновогодишна атмосфера, со цел да се внесе празнична радост и поддршка за децата и нивните семејства.
Новогодишните пакетчиња беа обезбедени со поддршка од општествено одговорните компании Офис Експрес, Винчини, Кам Маркет и Пивара Скопје, како и со сопствени средства на ЕСИ НЕЛИС.
Со оваа активност, здружението уште еднаш ја потврдува својата заложба за поддршка, инклузија и подобрување на квалитетот на живот на слепите лица и лицата со оштетен вид и нивните семејства.
Донации за поддршка на семејства на слепи лица во социјален ризик.

Во текот на февруари 2026 година, Здружението за европска и социјална инклузија ЕСИ НЕЛИС прими донации од општествено одговорните компании Жито Лукс и Кристал, наменети за поддршка на семејства на слепи лица кои се наоѓаат во социјален ризик.

Од компанијата Жито Лукс беше примена донација од 10 пакети брашно, додека компанијата Кристал донираше 8 пакети со основни прехранбени производи.

Вкупно 18 пакети со основни производи беа распределени на семејства на слепи лица согласно интерната евиденција и проценка на потреби на здружението.Новогодишните пакетчиња беа обезбедени со поддршка од општествено одговорните компании Офис Експрес, Винчини, Кам Маркет и Пивара Скопје, како и со сопствени средства на ЕСИ НЕЛИС.

Здружението ЕСИ НЕЛИС упатува искрена благодарност до компаниите Жито Лукс и Кристал за нивната општествена одговорност и поддршка на семејствата на слепи лица.

Поддршка за новата учебна година: ЕСИ НЕЛИС донираше ранци за учениците од „Димитар Влахов“

Со задоволство споделуваме дека денеска ЕСИ НЕЛИС имаше привилегија да донира ранци со школска опрема за новата учебна година на учениците од училиштето за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје.

Бевме искрено воодушевени што имавме можност да го видиме нивниот ентузијазам и детерминација за учење.Од компанијата Жито Лукс беше примена донација од 10 пакети брашно, додека компанијата Кристал донираше 8 пакети со основни прехранбени производи. Настанот беше збогатен и со музичка изведба од талентирани ученици.

На настанот беа присутни претседателот на ЕСИ НЕЛИС, Венцо Атанасов, претседателот на Шаховскиот сојуз на град Скопје, Ѓорги Миновски, и Кенан Фера, активист на ЕСИ НЕЛИС.Вкупно 18 пакети со основни производи беа распределени на семејства на слепи лица согласно интерната евиденција и проценка на потреби на здружението.Новогодишните пакетчиња беа обезбедени со поддршка од општествено одговорните компании Офис Експрес, Винчини, Кам Маркет и Пивара Скопје, како и со сопствени средства на ЕСИ НЕЛИС.

Ние веруваме во моќта на образованието и инклузијата, а овој настан претставуваше можност преку нашето ангажирање да придонесеме со позитивно влијание во животите на овие талентирани деца.

Како организација ќе продолжиме да ги поддржуваме сите инклузивни и напредни процеси во Македонија, придонесувајќи за подобро општество, чекор по чекор, преку конкретни дела на добрина.

Заедно можеме да создадеме посветла иднина за сите.

Scroll to Top